Белингем: Имаше недоразбирање, не му реков ништо лошо на судијата...

Реал Мадрид одигра нерешени 1-1 против Осасуна во шпанското првенство. Овој натпревар започна нови контроверзии, фановите на „кралскиот“ клуб негодуваат и се жалат дека се драстично оштетени. Во финишот на првиот дел црвен картон доби Џуд Белингем поради приговор кон судијата.

<<< - ПОВРЗАНО - Белингем во шок: Му приговараше на судијата и доби директен црвен картон (ВИДЕО)

По натпреварот англискиот репрезентативец ја прокоментира ситуацијата и објасни што точно рекол и до какво недоразбирање со судијата Мунуера дошло.

„Не му кажав ништо лошо на судијата. Јасно беше дека станува збор за комуникациско недоразбирање. Реков само од*би. 

Можете да ја видите реалноста и покрај извештајот на судијата. Среќен сум што има видеа и може да се види ситуацијата“, прокоментира Белингем.

Во Реал беа лути и за досудениот пенал во второто полувреме по ударот на Камавинга врз противнички играч.