• Мартин Танасковски

Екипата на Борусија Дортмунд ја продолжи потерата по Баерн Минхен. „Милионерите“ добија уште едно дерби, овој пат со Ајнтрахт Франкфурт на гостински терен (1-2) и одржуваат чекор со најдобрите.
- Извештај од натпреварот:
Првиот дел понуди два гола. Први поведоа фудбалерите на Дортмунд преку Брандт во 21. минута, ама радоста траеше само пет минути затоа што Камада успеа да изедначи на 1-1, што беше и резултат на паузата.
Во вториот дел на сцена стапи Џуд Белингем кој игра во страшна форма. 19-годишниот играч од средниот ред продолжи да стрела, даде нов гол за Дортмунд на германско тло во 52. минута по асистенција на Мукоко и продолжи со одличниот учинок.
За Дортмунд ова беше седма победа по 12 одиграни кола.