Белградски Партизан назначи тренер на првиот ден во годината

Управата на Партизан пронајде решение за тренерското место откако од клубот замина Марко Јовановиќ, кој беше привремен кормилар по оставката на Саво Милошевиќ. 

Се работи за 51-годишниот Срѓан Благојевиќ, кој доби договор до крајот на сезоната и ќе има задача да ги подобри резултатите на тимот кој е второпласиран во домашното првенство, но има дури 17 бода заостанување зад Црвена Звезда. 

Благојевиќ во кариерата работеше во српски и странски клубови, а најголем успех му е шампионската титула во Казахстан со тимот на Астана, освоена во сезоната 2021/22.