ВИДЕО: Белград обоен во „црвено-бело“, Иваниќ херој во дербито против Партизан

Иваниќ

По пауза од пет меча, Црвена Звезда победи во големото дерби против Партизан (1-0) и го одбрани домашниот терен во 30. коло од српската Суперлига.

Гостинскиот тим има за што да жали на оваа средба. Имаше неколку шанси прв да стигне до предност и да ја преземе контролата над дербито. Неколку минути пред паузата Холендер ја погоди пречката и пропушти можност да донесе „црно-бела“ радост.

Стартот на вториот дел им припадна на домашните фудбалери. Тие искористија една шанса и поведоа преку Мирко Иваниќ. Тој скокна највисоко, по одлично изведениот корнер на Канга.

  • Голот на Иваниќ за 1-0:

Продолжението не донесе големи возбудувања. На двете страни имаше по неколку полушанси, но преку нив не се промени резултатот на семафорот. Црвена Звезда остана без пораз, со само две реми средби во тековната сезона, па е на чекор од освојување на титулата во домашниот шампионат.