• Мартин Танасковски

Екипата на Црвена Звезда ја продолжи домашната серија без пораз и на стадионот „Рајко Митиќ“ беше подобра во дербито од Партизан (1-0) и така направи голем чекор напред во борбата за титулата.
Со победата во големото дерби, Црвена Звезда замина на високи 16 поени предност и големи се шансите да биде старо-нов шампион на Србија. Еден гол на славниот белградски стадион го реши натпреварот, а падна во воведните минути.
- Извештај од натпреварот:
Прогнозите од Србија се покажаа како точни, Партизан не издржа на почетниот пресинг од противникот. Единствениот погодок го даде Аргентинецот Алекс Виго, кој во 5. минута погоди во мрежата на црно-белите по асистенција на Букари.
Црвена Звезда сезонава и по 24 натпревари нема пораз, а зад себе има скор од 21 победи и три нерешени.