Белгиски прволигаш доставил понуда за Бојан Миовски

Белгискиот шампионат и екипата на Еупен веројатно ќе бидат следната дестинација на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Имено, како што најавуваат белгиските медиуми Еупен доставил понуда до напаѓачот и во тек се преговори за премин на Миовски од МТК во клубот од Белгија.

22-годишникот има повеќе понуди на маса, но Еупен е најупорен да го доведе. Миовски блесна во дресот на Ренова, а настапуваше уште и за Македонија ЃП, Работнички, Брегалница Штип и младинскиот тим на Карабах.

Штипјанецот беше во ростерот на Благоја Милевски за Европското првенство, а во текот на сезоната која штотуку заврши одигра триесет натпревари, постигна осум гола и запиша три асистенции. 

Миовски се најде на списокот на селекторот Милевски за четирите јунски натпревари од Лигата на нации.