ВИДЕО: Белгија слави против Русија и покрај аматерскиот лапсус на Куртоа

Првиот меч од групата И од квалификациите за Европското првенство следната година донесе лесен и очекуван триумф за Белгија против Русија (3-1).

  • Извештај од натпреварот: 

Домашниот тим и фаворитот на овој натпревар отвори со брз погодок на младиот Јури Тилеманс. Неговиот удар од далечина беше неодбранлив за Гиљерме, кој немаше одговор и првпат ја извади топката од својата мрежа.

Набрзо следуваше молк во Брисел, а за тоа се погрижи Денис Черишев со израмнувачкиот погодок по само две минути игра. Голманот Тибо Куртоа направи катастрофална грешка и практично му подари погодок на противникот. Очајната форма за Белгиецот продолжи, а овој потег сигурно ќе влијае на неговото издание и во остатокот од сезоната.

Нова предност за избраниците на Роберто Мартинез донесе капитенот Еден Азар, кој рутински го реализираше пеналот во 45. минута. Трагичар за гостите беше Јури Жирков, кој направи прекршок во својот казнен простор и му овозможи на главниот судија да покаже на белата точка.

Во продолжението поголемиот дел од случувањата беа пред гостинскиот гол. За да нема никакви дилеми околу тоа каде ќе завршат бодовите се погрижи Азар со својот втор гол на натпреврот за финални 3-1. 

Европско првенство, Квалификации, Група I
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БелгијаБелгија 8 8 0 0 30:1 29 24
2 РусијаРусија 8 7 0 1 27:4 23 21
3 КипарКипар 8 3 1 4 13:12 1 10
4 ШкотскаШкотска 1 8 3 0 5 11:17 -6 9
5 КазахстанКазахстан 1 8 2 1 5 9:13 -4 7
6 Сан МариноСан Марино 8 0 0 8 0:43 -43 0