Белгија налета на светскиот шампион, Италија против Шпанија во полуфиналето на ЛН

Најдобрите селекции во Лигата на нации ги дознаа противниците против кои ќе се судрат во полуфиналето во второто издание на новото репрезентативно натпреварување на УЕФА.

По завршувањето на групната фаза, Италија, Шпанија, Белгија и Франција успеаја да го продолжат походот кон трофејот во Лигата А, а денес во седиштето на УЕФА беше изврешена полуфиналната ждрепка.

Светскиот шампион Франција за свој противник ја доби Белгија, додека вториот финалист ќе го дадат поранешните континентални и планетарни прваци Шпанија и Италија. 

Финалниот турнир од втората сезона во Лигата на нациите ќе се игра во Италија (Милано и Торино), во октомври следната година.