Белгија му верува, Мартинез останува на клупата на Белгија

Белгија

Роберто Мартинез ќе остане на клупата на Белгија и покрај неуспешниот настап на Европското првенство 2020.

Шпанскиот стратег и натаму ужива доверба од челниците на белгиската федерација. Сегашниот предводник на „црвените ѓаволи“ наскоро се очекува да ги започне официјалните подготовки за Мундијалот во Катар.

Белгиската репрезентација е на врвот на ФИФА ранг листата подолг период. Но, и покрај тоа, не успева да направи значаен успех на големите турнири.

На овогодишниот шампионат загуби од Италија во осминафиналната фаза.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.