Белгија ќе ги предизвика разиграните „аѕури“ за полуфинале

И едните и другите имаа тешки задачи во осминафиналето. Додека Белгијците беа свесни дека нема да им биде лесно со Португалија, бранителот на тронот, се чини дека Италијанците кои до тогаш беа одлични, малку ја потценија дисциплинираната Австрија. Избраниците на Роберто Манчини за 90 минути од споменатиот натпревар не направија вистинска шанса, но во продолженијата се потврди дека најголемата сила на оваа генерација на „азурите“ е изедначениот квалитет. 

Сите квоти за натпреварот меѓу Белгија и Италија

Италија повеќе нема суперстар чие име влева страв во коските на ривелите, но затоа поседува состав полн со фудбалери способни да се истакнаат кога е потребно и на вистински начин да ги заменат уморните, или тие кои не се на нивото. Токму тоа се случи и против Австрија – головите ги постигнаа баш играчи од клупата, прво младиот Федерико Киеза, а потоа година постариот Матео Песина. Можеби би можело да се каже дека Италијанците имаа и малку среќа, но по сè што покажаа во досегашниот дел од ЕП, докажаа дека апсолутно заслужија да играат во завршницата.

Квоти за останатите четвртфинални натпревари на ЕП

Сепак, кога некоја екипа ќе ги испрати Кристијано Роналдо и соиграчите дома, со неа нема шега. Притоа, Белгијците веќе со години покажуваат квалитет за големи дострели. Токму тие, баш како и Италија, имаа максимален учинок во групата, па со причина се надеваат на полуфинале. Меѓутоа, голем хендикеп за екипата на Роберто Мартинез ќе биде изостанокот на повредените Кевин Де Брујне и Еден Азар, кои како течеше шампионатот играа сè подобро, па соберете сили и одиграјте двојка. 

Ако оваа Италија беше како некои претходни, ќе кажевме дека во Минхен ќе се судрат силна одбрана и силен напад. Меѓутоа, една од промените кои Манчини ги воведе е тоа што „азурите“ играат атрактивно и ефикасно, а со оглед на фактот дека тоа е одлика и на Белгија, ни се чини дека и ГГ е реално.