ВИДЕО: Белгија испушти 0-2, Швајцарците со фантастичен пресврт обезбедија „фајнал-фор“

Швајцарија

Супер интересен меч се одигра на „Свиспорарена“ во Луцерн, каде во рамките на петтото коло од лига Б на Лигата на нации, Швајцарија направи големо изненадување и со фантастичен пресврт ја совлада Белгија со 5-2. Селекцијата на Петковиќ станаа третата репрезентација со место на завршниот турнир во Лигата на нации, по Португалија и Англија кои се веќе на завршниот турнир во лига А.

Конечниот резултат е големо изненадување, ако се земе предвид дека гостите поведоа со 0-2 по само 17 минути игра. Торган Азар стрелаше двапати за навидум сигурна предност на Белгијците, кои дозволија истата предност да се стопи уште во првиот дел. Родригез од пенал и Сеферовиќ со два брзи гола се погрижија за пресврт, а убедливата победа за пласман на „фајнал-форот“, во вториот дел ја потврдија Елведи и Сеферовиќ за заокружување на хет-трикот. Тимот на Роберто Мартинез остана со празни раце, иако по првите три кола беше без пораз.

Во Лига Ц, Унгарија ги обезбеди потребните три бода за втора позиција во група 2, победувајќи во дуелот со лидерот Финска (2-0). Изненадување во оваа група приреди Естонија, која славеше на гости кај соседна Грција (0-1) за прва и единствена победа во Лигата на нации.

УЕФА Лига на нации, Лига А, Гр. 2
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШвајцаријаШвајцарија 1 4 3 0 1 14:5 9 9
2 БелгијаБелгија 1 4 3 0 1 9:6 3 9
3 ИсландИсланд 4 0 0 4 1:13 -12 0