ВИДЕО: Белгија и Холандија немилосрдни, Хрватска слави со Малта

Репрезентацијата на Белгија со огромни 7-0 (4-0) ја „прегази“ Белорусија и ги освои бодовите во третото квалификациско коло за пласман на Светското првенство. „Ѓаволите“ на Мартинез одиграа убедлив натпревар и иако без првите ѕвезди Ромелу Лукаку и Кевин Де Брујне, а не настапи ниту Мертенс одиграа убедлив меч кој беше решен уште пред полувремето. 

  • Белгија - Белорусија 8-0:

Предност донесе Мичу Батшуаји по 14. минути, а само три подоцна меѓу стрелците се запиша и Ванакен за брзи 2-0. Мрежите мируваа до пред паузата, кога Тросар и Доку стрелаа за удвојување на позитивата. Веднаш на отворањето на вториот дел погоди и Прает, додека до крајот за резултатот да биде 7-0 се погрижија Бентеке и Тросар со втора реализација. 

  • Гибралтар - Холандија 0-7: 

Убедлива победа запиша и Холандија на гости кај Гибралтар од 0-7 (0-1), иако до полувреме дадоа само еден погодок. „Лалињата“ со пет во второто полувреме стигнаа му го нанесоа очекуваниот дебакл на домаќинот. Гибралтар парираше до 42. минута, а резултатот го отвори Бергуис. Во вториот дел, Холандија даде четири голови за девет минути. Лук Де Јонг, Депај, Вајналдум и Мален ја „пукнаа петардата“, а во финишот погодија Ван Де Бек и пак Депај. 

  • Хрватска - Малта 3-0:

Фудбалерите на Хрватска се намачија и на натпреварот со Малта, но со победа од 3-0 ги запишаа трите бодови. По поразот од Словенија и минималецот со Кипар, „коцкестите“ повеќе од еден час не можеа да го скршат отпорот на островската земја. Конечно, резервистот Иван Перишиќ стрела за 1-0 во 62. минута, додека по него од белата точка реализира и Лука Модриќ. Конечните 3-0 ги постави Јосип Брекало во последната минута од регуларниот тек. 

  • Црна Гора - Норвешка 0-1:

Минимално славје запиша Норвешка во Подгорица кај Црна Гора (0-1). Скандинавците со погодокот на Александер Сорлот во 35. минута ги освоија бодовите и победија на гостувањето на Балканот, па со шест бодови по три мечеви се приклучија во битка за првите две позиции.