Белгија без Лукаку во лов на „змејови“

Глобалната фудбалска изложба во Катар се ближи, а последен полигон за европските селекции е натпреварувањето во Лигата на нации. Во текот на неделата се играат натпревари како дел од 5. коло од групната фаза на најмладото континентално репрезентативно натпреварување, а една од најкомплицираните е групата 4 од најквалитетната дивизија која ја сочинуваат Холандија, Белгија, Полска и Велс. Сите четири селекции ќе бидат присутни на Светското првенство, па претстојните натпревари ќе бидат многу важни за нивната подготовка.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Белгија и Велс

„Лалиљата“ се лидери со 10 од можни 12 бода, „црвените ѓаволи“ ги следат со седум бода, Полјаците имаат четири, а „змејовите“ само еден бод и се на пат кон испаѓање во дивизијата Б. Поради оваа причина, дуелот во Брисел е исклучително важен за две селекции, бидејќи со потенцијална победа Белгија би останала во трка за првата позиција и пласман во завршницата на Лигата на нации, а евентуален неуспех би ги исфрлил Велшаните од елитната група. Белгија сè уште е на многу високо ниво и затоа е втора на светската ранг листа на ФИФА. Сепак, во нејзините највисоки амбиции засега ја попречуваат тешкиот пораз од Холандија на стартот (1-4), како и ремито против Велс во Кардиф (1-1).

Квоти за останатите натпревари во Лигата на нациите

Избраниците на Роберто Мартинез го добија последниот натпревар во своја корист против Полска во Варшава (1-0). За овој собир „ѓаволите“ нема да можат да сметаат на еден од главните играчи, повредениот Ромелу Лукаку. Од друга страна, Велс ќе се обиде да го напушти последното место и на најдобар можен начин да ги заврши подготовките за Светското првенство, а средбите со две големи селекции како Белгија и Полска ќе бидат одлични тестови. Единствениот бод досега во групата „змејовите„  го освоија против Белгија, додека во претходниот меч селекцијата на Роб Пејџ беше поразена од „лалињата“ во Ротердам, со гол во судиското надополнување (3-2).