Белгиецот Фајсел Касми ѝ се приклучи на штипска Брегалница

Белгиецот Фајсел Касми е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

26-годишниот Касми, кој е централен играч за врска, е со извонредна фудбалска биографија настапувајќи шест години во белгискиот шампионат во редовите на Лирс, Стандард Лиеж, Жерминал Бершот, Жил и Висе, а во сезоната 2020/2021 беше дел и од бугарскиот прволигаш Черно Море.

Неговиот последен клуб е Дофар од Оман, од каде сега доаѓа како големо засилување во Брегалница. Касми се обврза на двегодишна верност на Брегалница, со договор до јуни 2024 година.

Низ досегашниот преоден рок Брегалница се засили и со поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, левокрилниот дефанзивец Александер Борха Кордоба како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.