• Саше Љолес
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе биде меѓу гостите на финалниот натпревар од Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, кој ќе се одигра в недела со почеток од 21:00 часот.
Информацијата ја потврди портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, откако претходно ваквата можност ја најави и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Присуството на Трамп доаѓа во период кога сè уште се водат дебати околу една од најконтроверзните одлуки на турнирот - укинувањето на автоматската суспензија за американскиот репрезентативец Фоларин Балогун.
Според медиумските информации, Трамп лично стапил во контакт со Инфантино и побарал повторно разгледување на црвениот картон на напаѓачот на Соединетите Американски Држави. Потоа, ФИФА ја поништи суспензијата, со што му овозможи на Балогун да настапи во осминафиналниот дуел против Белгија.
И покрај големата непопуларност помеѓу фудбалските фанови, Трамп е решен да присуствува на финалниот натпревар, без оглед на тоа што сигурно ќе предизвика незадоволство, како на трибините, така и меѓу гледачите пред ТВ-екраните.


