Беласица стана прволигаш, па веднаш носи засилување!?

Струмичка Беласица како најдобра во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) - Исток доби прволигашки статус во новата сезона, а веќе почна да гради тим за претстојните предизвици.

Повратникот во елитата го мерка бугарскиот фудбалер од средниот ред, Руслан Иванов. 33-годишникот пред извесен период настапуваше за ОФК Пирин, но пред две седмици двете страни се разделија и сега тој е слободен агент.

Се работи за фудбалер кој воглавно играше во Бугарија, а има еден интернационален настап, во Грција, каде го носеше дресот на Епископи. Покрај за Пирин, Иванов настапуваше уште и за Хебер, Банско, Литекс Ловеч, Вихрен...

Бугарските медиуми велат дека играчот има понуди од уште неколку други клубови од Бугарија, па прашање е каде ќе ја продолжи кариерата.