• Зоран Мишевски

Култниот македонски клуб, струмичка Беласица, и натаму оддава почит кон сите легенди кои дале многу за клубот од клубот и градот во минатото. Беласица прослави 104 години постоење пред натпреварот против Детонит Плачковица од третото коло на Втора лига, меч кој заврши без победник.
Пред почетокот на мечот беа доделени и врамени дресови на две легенди на струмичката фудбалска гордост. На најдобриот стрелец на сите времени на Беласица, Љупчо Мафков и на голманот со најмногу настапи за Беласица, Дончо Георгиев. Во тринаесет сезони Георгиев запиша 262 натпревари за Беласица, а пак Мафков за десет сезони одигра 260 натпревари со 115 постигнати погодоци.
Не беше заборавен ниту најверниот навивач на Беласица, починатиот Петре Анџиев, за кој има изработено плакета, која ќе биде поставена на столчето, од каде го гледаше секој натпревар на Беласица.





