Беласица со седум теста ќе ја темпира формата за пролетната сезона во ВМФЛ

Беласица

Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица пред една седмица ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната. 

На прозивката на тренерот Стојанов се појавија скоро сите играчи кои во првиот дел од сезоната го понесоа поголемиот товар, како и првото зимско засилување Хамза Рамани, кој треба да ја зацврсти последната линија на тимот. Беласица денес ги објави и ривалите против кои ќе ја темпира формата за пролетните предизвици.

Струмичани пред стартот на шампионатот ќе одиграат седум контролни средби. Првата ја играат против градскиот ривал Вардар, а генералната проба ја закажаа за на 12 февруари против Вардар.

  • Распоредот на пријателски натпревари на Беласица:

Беласица имаше одличен настап во досегашните петнаесет кола во ВМФЛ-Исток, освои 28 бода и заврши на четвртата позиција на табелата со четири бода зад водечките Победа и Слога Виница, односно три во однос на Саса.