• Иван Димовски

Шкендија Арачиново се одлепи на водечката позиција во ВМФЛ, откако со пресврт слави против аутсајдерот Вардар Неготино со 1-2 во рамките на 12. коло. Неготинчани изненадувачки стигнаа до предност и долго беа во одлична позиција. Сепак, во завршницата Шкендија Арачиново притисна, прво израмни Дарио Десниќ и имаше зицер шанса за да донесе предност, а потоа херој беше Љупче Трпески кој донесе триумв во 96. минута.
- Вардар Неготино - Шкендија Арачиново 1-2:
Брегалница киксна и загуби во источното дерби против Беласица (0-1). Иако штипјани имаа доста шанси и можеа да дојдат до позитивен резултат, не ги искористија. Казната стигна во 81. минута кога во една добра акција најубаво се снајде Костадин Капсаров и погоди за 0-1, резултат кој се испостави како конечен.
- Брегалница Штип - Беласица 0-1:
Охрид ја запиша петтата победа во низа, откако минимално славеше против екипата на Скопје (1-0). Единствен стрелец на натпреварот беше Иван Глигоров во 17. минута.
- Охрид - Скопје 1-0:
Екипата на Новаци со убедливи 4-0 ѝ го нанесе десеттиот пораз на Слога Виница. Хет-трик во мрежата на ривалот постигна Стефан Јовановски, додека еден гол даде Петар Љамчевски.
- Новаци - Слога Виница 4-0:
Детонит Плачковица се врати од два гола негатива и ремизира на гости кај екипата на Саса во Македонска Каменица (2-2).
- Саса - Детонит Плачковица 2-2:
Фудбалерите на Тетекс го одбранија домашниот терен и впишаа четврта сезонска победа, овојпат против Победа (1-0). Победата ја донесе Азис Јамини во 38. минута.
- Тетекс - Победа 1-0:
Во дербито на екипите од дното и лански третолигаши Преспа слави во ефикасен меч со Големо Коњари (4-2). За ресенчани погодија Амир Фејзулаи, Нико Пластиновски, Елмаз Емуш и Неџми Реџепи, додека за гостите головите ги дадоа Беким Алимоски и Ерџан Ибраимоски.
- Преспа - Големо Коњари 4-2:
Без погодоци заврши натпреварот меѓу Кожуф и Осогово.
Шкендија Арачиново со 32 бода е апсолутен лидер и единствен непоразен тим во ВМФЛ. Брегалница остана на 27, а сега Охрид се израмни си штипјани, додека Беласица стигна до 25 и го прескокна Скопје кој има 23. Следуваат Новаци и Детонит со по 20, па Кожуф и Осогово со по 17, 14 има Саса, 13 има Тетекс. По десет бода имаат Победа и Вардар Неготино, Преспа скокна на девет, а на дното се Слога Виница со четири и Големо Коњари со три.



