Беласица се засили со млад офанзивец од Вардар

Во пресрет на почетокот на пролетната полусезона, екипата на Беласица се пофали со уште едно засилување во својот ростер.

Во Струмица повторно пристигна млад и надежен фудбалер, кој треба да го засили нападот на тимот. Нов член на Беласица е Огнен Здравковски, 20-годишен фудбалер, кој ги покрива крилните позиции, претставува огромно освежување во составот на Александар Стојанов.

„Му посакуваме добредојде и успешна сезона во плаво -белиот дрес“, порачаа од Беласица. 

Здравковски есенскиот дел од сезоната го мина во дресот на Вардар

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.