Беласица промовира три нови имиња за битката за опстанок во ПМФЛ

„Фенерџијата“ во Првата македонска фудбалска лига, струмичка Беласица доведе три нови засилувања за пролетниот дел од првенството. 

Нови членови на клубот се Бенјамин, Демир  Сантос Барбоса Андерсон пристигнаа од Македонија Ѓорче Петров, како и Оливер Пеев кој доаѓа од редовите на Борец. Бенјамин игра на позицијата десно крило, Сантос Барбоса е лево крило, додека Пеев е играч за врска со акумулирано искуство во ПМФЛ. 

Беласица по првата полусезона се наоѓа на последното место со девет бодови, додека првата „безбедна“ позиција е оддалечена 13 бодови и ја држи кратовски Силекс. Со сигурност нема да биде лесно Беласица да се врати и опстане во лигата, но амбициите уште еднаш се потврди дека се високи и од клубот веруваат во тоа. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.