• Мартин Танасковски

Екипата на Беласица ја оствари целта и со победа над Детонит Плачковица (1-0) во дербито на колото кое се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, застана на врвот на табелата во Втората лига (ВМФЛ).
Мечот се реши со еден гол кој падна во првото полувреме. Течеше 36. минута кога Коцев повлече контра и шутираше, а по одбрана на голманот на Детонит, топката се одби до Спиркоски и тој погоди за 1-0, по што следеше славје со „Ајдуците“.
Беласица четири кола нема пораз во ВМФЛ, а има три победи и реми. Покрај Детонит, тимот славеше и со Големо Коњари и Скопје. Струмичани имаат десет бода и се на врвот на табелата заедно со Брегалница, Шкендија Арачиново и Кожуф - сите имаат по десет бода.
Во следната рунда Беласица игра меч против Саса на гостински терен, додека Детонит ја пречекува Шкендија Арачиново.




