Беласица победи во струмичкото дерби, втор домашен пораз во низа за „пандевци“

Академија Пандев Беласица

Четвртото струмичко дерби сезонава заврши во полза на Беласица, која ја надигра Академија Пандев (0-2) и во 29. коло од ПМФЛ освои големи три бода во борбата за опстанок.

Во четвртиот обид, фудбалерите на Беласица конечно стигнаа до првиот триумф во дуелот со градскиот ривал. Натпреварот беше решен уште по првите 30 минути, по кои беа постигнати два гола во мрежата на Душан Чубраковиќ.

Резултатот на семафорот се промени кога Влатко Дробаров беше прецизен за 0-1. Девет минути подоцна водството на гостинскиот тим се зголеми, а за тоа најзаслужен беше Пепи Ѓорѓиев. 

Голема шанса за нов гол за Беласица во вториот дел пропушти Ѓорге Џонов, кој ја погоди стативата откако испрати еден волеј по центаршутот на Јордан Серафимовски од десната страна. Во иста мера возврати Сашко Пандев кој исто така немаше среќа и ја погоди рамката од голот во 66. минута.

До крајот не се случи ништо конкретно кое можеше да влијае на конечниот резултат. Во следното коло, Беласица ја пречекува Шкендија, а Академија Пандев му гостува на Шкупи.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 РаботничкиРаботнички 5 2 1 0 1 3:2 1 3
2 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 1 1 0 0 2:1 1 3
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 2 1 1 0 0 2:0 2 3
4 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 1 0 0 1:0 1 3
4 РеноваРенова 1 1 0 0 1:0 1 3
6 ШкупиШкупи 5 2 1 0 1 2:2 0 3
7 ШкендијаШкендија 1 0 0 1 0:1 -1 0
7 СилексСилекс 1 0 0 1 0:1 -1 0
9 БорецБорец 1 0 0 1 0:2 -2 0
9 ВардарВардар 1 0 0 1 0:2 -2 0