Беласица по една полусезона се раздели со Анатолиј Петејчук

Второлигашот Беласица по крајот на првата полусезона ќе прави одредени промени во ростерот, а првата е разделба со Анатолиј Петејчук. 

Крилниот фудбалер кој може да игра и подефанзивно како бек по една полусезона замина од струмичката гордост. Тој летово потпиша со Беласица, ама по само шест месеци се раздели со овој клуб. 

Петејчук ќе побара нов клуб за втората полусезона, а Беласица со сигурност ќе нападне нови имиња за продолжението од сезоната и борбата за водечките места. 

Во својата кариера Анатолиј Петејчук тргна преку Вардар каде што ги мина младинските категории и дебитираше во ВМФЛ, потоа беше дел од Победа и германските нисколигаши Бовингхаусен и Рој, како и хрватски Граничар Ѓурѓевац.