Беласица остана без тренер, Хаџиевски си замина од Струмица

Екипата на Беласица покрај што ќе мора да ја реши резултатската криза ако сака да опстане, ќе мора да бара и нов тренер, затоа што актуелниот стратег Ѓоко Хаџиевски си поднесе оставка.

Хаџиевски, кој дојде на позицијата прв тренер на местото на Раде Цицмиловиќ, не ги постигна посакуваните резултати, па по ремито со фенерџијата Победа на домашен терен, реши да си поднесе неотповиклива оставка, која веднаш беше прифатена.

Беласица наскоро ќе го именува новиот тренер кој ќе има за задача да го спаси клубот од испаѓање. Струмичани се наоѓаат на деветтото место во ПМФЛ, со 24 бода, четири помалку од Силекс и местото кое носи бараж за опстанок во елитата.

Во наредното коло од ПМФЛ, струмичани ги чека градско дерби против Академија Пандев (20 април).