Беласица не ги заборава легендите, Василев и Панов добија врамени дресови!

Беласица им оддаде признание на своите легенди Милан Василев и Ристо Панов, поранешните фудбалери кои со својата посветеност, борбеност и љубов кон клубот оставија длабока трага во историјата на струмичкиот фудбал. Василев одигра неверојатни 383 натпревари во дресот на Беласица во текот на 14 сезони, додека Панов стигна до 366 настапи во 15 сезони, а тие се симбол на верност и пример за тоа што значи да се биде клупска легенда

Во пресрет на вчерашниот натпревар меѓу Беласица и Шкендија Арачиново на стадионот „Благој Истатов“, двете струмички легенди добија голема почест. 

Претседателот на клубот Славчо Васков - Пинда им додели плакети и врамени дресови со нивните презимиња, како симбол на благодарност и вечна почит. Беласица со овој гест уште еднаш покажа дека не ги заборава своите легенди.