• Зоран Мишевски

Второлигашите ги започнаа подготовките, а речиси сите и ги договорија пријателските натпревари за проверка на формата пред стартот на официјалните натпревари на 15 август.
Беласица договори пет пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата за новата сезона. Струмичкиот клуб ќе има два меѓународни теста и три домашни контролки. Првиот тест ќе биде против Септември Симитли, кој е закажан за 18 јули, а потоа на 24 јули следува уште еден контролен натпревар во Бугарија против Беласица Петрич. Следните три пријателски натпревари ќе биде против македонски екипи.
На 29 јули планиран е меч против Кожуф во Гевгелија, а потоа ќе има два теста во Струмица против Детонит Плачковица на 1 август и против Работнички на 8 август.
