Беласица ја освежи офанзивата со младиот Ѓурчиновски

Македонскиот второлигаш Беласица претстави уште едно засилување во пресрет на пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. 

Во струмичката гордост пристигна уште еден млад и квалитетен играч од нападот. Нов член на Беласица е Матеј Ѓурчиновски, фудбалер кој ги покрива крилните позиции и сигурно ќе претставува освежување во ростерот на Александар Стојанов.

22-годишниот офанзивец во Беласица пристигна од таборот на Победа, каде беше стандарден првотимец.