Беласица го смени тренерот на едно коло до крајот на полусезоната

На само пет дена до завршувањето на есенскиот на шампионатот на Втората лига, еден од најтрадиционалните клубови во нашата земја се одлучи за тренерска смена. Струмичка Беласица се раздели со Васе Беќаров, кому саботниот дуел со Скопје му беше последен на клупата на струмичкиот клуб.

Поразот од Скопје со 0-1 го чинеше Беќаров губење на тренерската позиција, а Беласица мора да започне од почетокот во пролетниот дел на ВМФЛ.

„Васе Беќаров од вечерва не е повеќе шеф на стручниот штаб на Беласица. Клубот му се заблагодарува на Беќаров на досегашната соработката и му посакува  многу успеси во понатамошната кариера“. се вели во краткото соопштение на поранешниот вицешампион на Македонија.

Беласица е седмопласирана со 20 бода, десет помалку од третопласираниот Пелистер. В сабота во последното есенско коло на ВМФЛ, Беласица гостува во Чегране против тимот на Арсими.