Беласица го освои „Вуко Каров“, Мирчевски прогласен за најдобар фудбалер

Jубилејното 20-то издание на традиционалниот фудбалски турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци изненадувачки заврши со победа на второлигашот Беласица. На второто место заврши Работнички, а третото му припадна на домаќинот ГФК Тиквеш. Турнирот се играше по италијански систем, секој со секого по 45 минути.

Работнички загуби од Беласица со 2-0 со головите на Истатов и Митевски, а го совлада Тиквеш со 2-1, благодарение на Стојчевски и Паповиќ.  Радојчиќ го постигна победносниот гол за струмичани против Тиквеш (1-0).

За најдобар играч е прогласен фудбалерот на Беласица. Мартин Мирчевски, а најдобар голман е Александар Игески од Тиквеш.

Учесникот на турнирот, Работнички, утре ќе одигра пријателски натпревар против Ренова, на стадионот на Алумина во Скопје, со почеток во 17:30 часот.