Беласица го назначи Ѓорги Шопов за нов координатор на младинската школа

Откако ја доби довербата на Фудбалската федерација на Македонија и повторно ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига, Беласица веќе започна со активностите за следната сезона. 

Раководството на клубот, покрај тоа што размислува за засилувањата во првиот тим, со засилено темпо работи и на екипирање на својот младински погон и денес го назначи Ѓорги Шопов за нов координатор на младинската школа.

„Му посакуваме многу среќа и успех во извршувањето на новата функција“, велат од клубот.

Беласица оваа сезона беше дел од Втората лига – Исток, но благодарение на лидерското место по есенскиот дел обезбеди враќање во елитата по само една година.