Беласица го формира голманското дуо, потпиша со Купанов и Митрев

Струмичка Беласица одеднаш го промовира голманското дуо за сезоната 2022/23. Второлигашот од Струмица ги договоди Стефан Митрев и Филип Купанов. Двајцата 19-годишни голмани ќе се борат за „единицата“ во тимот, а доаѓаат од македонското првенство. 

Купанов е гевгеличанец, ги мина младинските категории на Академија Пандев и доби шанса во првиот тим. Во своето резиме, голманот има и четири настапи во ПМФЛ, минатата сезона беше позајмен во Детонит и бранеше во втората лига, а зимата се врати во таборот на „пандевци“. Сега, Купанов има задача да се бори за место во тимот со Митрев. 

Митрев е струмичанец, настапуваше за младинските категории на Академија Пандев, но мина и неколку години во швајцарските екипи Баден и Аарау. Тој минатото лето потпиша со Беласица, ама по една полусезона пак прејде во Академија Пандев по минутажа. Сега, Митрев доаѓа во првиот тим на Беласица во битка за првотимски статус. 

Беласица одбележа голем јубилеј, 100 години од своето постоење и со сигурност ќе сака да го круниса со кам-бек во ПМФЛ. Минатата сезона клубот од Струмица дојде до баражот, но го загуби и остана во второлигашката конкуренција.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.