• Горан Упале

Македонскиот второлигаш Беласица ги започна подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.
На првата прозивка на шефот на стручниот штаб, Александар Стојанов, се појавија дваесет и пет играчи меѓу кои и неколку играчи од младинскиот погон.
Од Беласица си заминаа О. Здравковски, С. Здравковски и Стоилов, а од клубот најавија дека на нивно место овие денови ќе бидат промовирани неколку нови играчи кои ќе бидат освежување во ростерот за новата сезона.
Беласица веќе го претстави првото засилување – Марио Наумоски, кој минатата сезона ја мина во редовите на Македонија ЃП.
