Беласица е подготвена да слави кам-бек во елитата

Лидерот во Втората лига - Исток, екипата на Беласица, веќе е подготвена да слави кам-бек во фудбалската елита - Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) затоа што само еден бод ја дели од официјална промоција во повисок ранг.

Некогашниот претставник на Македонија во еврокуповите е на првата позиција и по 22 одиграни кола има 55 бода, осум повеќе од второпласираниот Борец од Велес. До крајот на ВМФЛ - Исток има уште три кола, па евентуален еден бод на фаворитиот во наредното коло, му го осигурува првото место.

Беласица во наредното коло од ВМФЛ - Исток кое се игра в сабота се соочува со Кожуф од Гевгелија, додека второпласираниот Борец од Велес гостува во „жешкиот“ Штип каде игра директен дуел за бараж со Брегалница.

Доколку Брегалница го победи Борец, тогаш Беласица дури и со пораз може да патува во ПМФЛ. Мечевите од новото коло во Втората лига се играат од 16.30 часот.