• Горан Упале

Во пресрет на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Беласица претстави уште едно екстра-засилување и донесе квалитетен играч од нападот.
Нов член на струмичката гордост е Бојан Спиркоски, фудбалер од кого се очекува да внесе дополнителен квалитет и искуство во офанзивниот дел на тимот. 30-годишниот напаѓач во Беласица доаѓа од редовите на Пелистер, каде што ги мина последните две сезони.
Инаку, во својата кариера Спиркоски настапуваше за Сокол и Јихлава од Чешка, како и Брегалница, Победа, 11 Октомври и Хоризонт Турново во Македонија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.







