Беласица доведе пет нови засилувања, Чурлинов најзвучно име 

Екипата на Беласица пред неколку дена ги стартуваше своите подготовки за новата сезона во која ќе се натпреварува во ВМФЛ-Исток. 

Струмичката гордост веќе доведе нов шеф на стручниот штаб во името на Ване Милков, а денес ги претстави своите пет нови засилувања на тимот. 

Нови членови на тимот на Беласица се: 

  • - Цветан Чурлинов - искусниот напаѓач кој доаѓа од Кожуф, а во минатото настапуваше и за Работнички, Тетекс, Металург,  Хоризонт Турново.
  • - Дарко Размоски - игра во офанзивата на нападот на крилните позиции. Дарко има 19 години, а изминатата сезона беше еден од стандардните првотимци во Брегалница.
  • - Игор Паноски - 20-годишниот Паноски, изминатите шест месеци беше стандарден првотимец во Победа од Прилеп. Игор игра на стоперската позиција.
  • - Зоран Ивановски - Ивановски доаѓа од Академија Пандев и игра на позицијата десен бек.
  • - Никола Спасов - 19-годишниот Спасов игра на стоперската позиција и доаѓа од Академија Пандев.

Беласица од Струмица ги започна подготовките, а главната фаза ќе ја одработи во Дојран, каде ќе одигра и неколку тест-натпревари.