Беласица доби поддршка од „Ајдуци“, но загуби од Банско

Екипата на Беласица на вториот контролен натпревар, или прв на терен надвор од Македонија, доживеа пораз од бугарски Банско, од кого загуби со 0-1 (0-1).

Струмичани имаа иницијатива, но недостасуваше завршницата. На трибините во соседна Бугарија, Беласица имаше и поддршка од своите „Ајдуци“, но не успеа да ги израдува со позитивен резултат.

Претходно, Беласица одигра 1-1 на домашен терен против Каменица Саса.