• Иван Димовски

Фудбалерите на Беласица со убедливи 4-0 ја совладаа екипата на Големо Коњари во натпреварот од 18 коло на Втората македонска фудбалска лига. Натпреварот кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица понуди по два погодоци во двете полувремиња.
Домашната екипја ја круниса иницијативата со водечкиот гол на Ерион Шуку во 14. минута од средбата. Дваесет подоцна Стефан Сулев успеа да удвои на 2-0, резултат кој беше активен на полувремеот.
Во вториот дел Шуку и вторпат се впиша меѓу стрелците, бидејќи по еден час игра стрела за 3-0. Конечниот резултат беше поставен по еден слободен удар во 79. минута од средбата.
- Головите од натпреварот:
Беласица со 34 бода се наоѓа на седмото место на табелата, додека Големо Коњари е на дното со само четири.








