Белами: Натпреварите со Македонија ќе бидат сериозен предизвик за Велс

Селекторот на велшката репрезентација, Крег Белами, даде оценка за квалификациската група за Светското првенство, во која неговата селекција се најде заедно со Белгија, Македонија, Казахстан и Лихтенштајн. 

Екс-легендата на повеќе англиски клубови смета дека групата е навистина интересна, ја посочи Белгија како главен фаворит, но рече и дека натпреварите со Македонија ќе бидат сериозен предизвик за неговиот тим. 

„Ќе мораме да си ја завршиме домашната задача како што треба. Добивме интересна група и задоволен сум од ждрепката. Можевме да добиеме многу потешки ривали, па затоа сметам дека имаме простор за надигрување. 

Белгија е фаворит, а натпреварите со Македонија ќе бидат вистински предизвик за нас. Ќе патуваме далеку во Лихтенштајн и Казахстан, тоа ќе бидат тешки гостувања, но мислам дека имаме квалитет да се вратиме дома со бодови на нашето салдо“, рече Белами. 

Македонија и Велс имаат одиграно два натпревари во квалификациски циклус. Дома ги совладавме Велшаните со 2-1, додека на гости загубивме со минимални 1-0. Овие натпревари се играа во рамките на квалификациите за Мундијалот во 2014 година.