Белами ги отвори картите: Велс без Арон Ремзи против Македонија

Велс ќе биде првиот домашен противник за Македонија во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2026 година. Селекторот Крег Белами ги отвори картите, а на гостувањето во Скопје, островската селекција доаѓа без капитенот.

Арон Ремзи, некогашниот играч на Арсенал и Јувентус, а сегашен член на Кардиф Сити, нема да биде во тимот заради повреда. На местото на 34-годишникот е повикан Том Лоренс од Ренџерс, кој се враќа во националниот тим по март 2021 година.

Голмани:
Дани Вард (Лестер Сити)
Адам Дејвис (Шефилд Јунајтед)
Карл Дарлоу (Лидс Јунајтед)

Одбрана:
Бен Дејвис (Тотенхем)
Конор Робертс (Барнли)
Џо Родон (Лидс Јунајтед)
Крис Мепам (Сандерленд)
Неко Вилијамс (Нотингем Форест)
Бен Кабанго (Свонси)
Џеј Дасилва (Ковентри)

Среден ред:
Џо Ален (Свонси)
Давид Брукс (Борнмут)
Џордан Џејмс (Рен, Франција)
Сорба Томас (Нант, Франција)
Џош Шихан (Болтон)
Оли Купер (Свонси)
Кај Ендрјус (Мадервел, Шкотска)

Напад:
Даниел Џејмс (Лидс Јунајтед)
Кифер Мур (Шефилд Јунајтед)
Бренан Џонсон (Тотенхем)
Том Лоренс (Ренџерс, Шкотска)
Натан Бродхед (Ипсвич)
Раби Матондо (Хановер 96, Германија)
Марк Харис (Оксфорд)
Лиам Кулен (Свонси)
Луис Кумас (Стоук Сити)

Натпреварот меѓу Македонија и Велс се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје на 25 март.