• Иван Димовски
Фудбалерите на Челзи забележаа круцијална победа во борбата за Лигата на шампионите во претпоследното коло на Премиер лигата. „Сините“ го добија дербито против Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“ со минимални 1-0 (0-0).
- Извештај од натпреварот:
Средбата во Лондон тргна со поништен гол на Хари Мегваер кој одлично се уфрли на пеналтикот по уфрлување од Фернандеш. Сепак, англискиот стопер беше во милиметарски офсајд и ВАР собата реагираше за погодокот. Следуваше статива за „сините“, откако Рис Џејмс упати добар удар во рамката од голот.
Имаа двата тима шанси, се закануваа Палмер, Фернандез и Маунт. На стартот на продолжението Челзи доби пенал по старт на Онана, ама и таа одлука ја смени ВАР. Единствениот гол на натпреварот го постигна Марк Кукуреља во 71. минута погододувајќи по асистенција на вториот бек на „сините“ капитенот Рис Џејмс.
До крајот на средбата имаше шанси пред двата гола, ама резултатот остана непроменет. Челзи стигна до деветнаесеттата победа во Премиер лигата и стигнаа до 66 бода во борбата за Лигата на шампионите. Јунајтед, пак, се наоѓа на 16. место на првенствената табела.