Бекот Дарко Јовиќ осмо засилување на ГФК Осогово

Второлигашот ГФК Осогово од денес е посилен за уште едно ново име. Жолтиот дрес го задолжи 22-годишниот лев бек, Дарко Јоциќ, кој доаѓа од Борец. Јоциќ веднаш се приклучи на подготовките на првата екипа. Иако релативно млад, важи за фудбалер кој има доста големо сениорско искуство.

Станува збор за дете на Пелистер од каде што премина во Работнички, а во меѓувреме има и интернационално искуство за тимот на Лоде во Шведска. Токму во битолскиот и скопскиот клуб има играно и прволигашки фудбал.

Последен ангажман му беше тимот на Борец. Јоциќ е осмо ново име во клубот од Кочани, со што полека, но сигурно се комплетира екипата.