• Иван Димовски
Фудбалерите на Шкендија ќе се судрат со ерменски Ноах во првото претколо на Конференциската лига на УЕФА. Првиот натпревар тетовчани го играат на гости во Абовјан, а на официјалната прес-конференција се обрати тренерот Јетон Беќири.
„Иако пред нас е многу силен противник, многу квалитетен тим, кој има и добри индивидуални играчи, кои знаат да го свртат натпреварот во своја полза, ние нема да се откажеме ова. Веруваме дека покажавме сила и квалитет што ни дава надеж за резултат за следното коло.
Имаме доволно информации за ерменскиот фудбал, бидејќи Шкендија неколку пати се соочила со ерменски екипи. Исто така игравме и против репрезентацијата на Ерменија. Конкретно сме фокусирани на тимот на Ноа и имаме максимална почит за ерменскиот фудбал.
Ноа има многу нови фудбалери и не е лесно да се направи прецизна анализа. Сепак, ние сме екипа која игра успешно во Европа во последните десет години и имаме должност да го одиграме најдобриот можен натпревар. Што се однесува до составот, имавме проблем со Камер Ќака, капитенот Енур Тотрен прележа вирус и веќе се врати на тренинзите, па ќе видиме како ќе се чувствува пред натпреварот. На последниот тренинг се повреди Зија Мерџан, но се надеваме дека ќе биде подготвен до почетокот на натпреварот“, изјави Беќири.
Шкендија гостува кај Ноах попладнево во терминот од 18:00 часот. Реванш натпреварот е закажан за седум дена на нациоаналната арена „Тодор Проески“ во Скопје.