• Мартин Танасковски
Фудбалскиот клуб Шкендија со самодоверба го чека настапот во квалификациите за европските натпреварувања. Иако тренерот Јетон Беќири не сакаше конкретно да го коментира ждребот, од клубот потенцираат дека веруваат во квалитетот на својот тим.
„Искрено, не сакам да го коментирам ждребот. Ние сме Шкендија, имаме квалитетни фудбалери и верувам дека ќе нè претстават достојно на европската сцена. Ќе се обидеме сè – не само против ТНС како противник, туку против секој што ќе се најде на нашиот пат. Нашата цел е јасна – сакаме да го поминеме првото коло и веруваме дека тоа е остварливо“, изјави стратегот.
Тетовскиот клуб го започнува новиот европски циклус со високи амбиции и јасна цел – пласман во следната рунда. Шкендија веќе еднаш во минатото го елиминира ТНС од квалификациите за Лигата на шампионите - мечот во Скопје заврши 5-0 за тетовчани, додека во Велс беше 4-0 за ривалот.