• Горан Упале

Првото пролетно коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) носи големо дерби на најтрофејните. Вардар во својот дом на Градски ќе ја пречека Шкендија, а Јетон Беќири, предводникот на тетовчани вели дека ова дерби носи посебна мотивација кај сите во Шкендија.
„Ова е дерби кое носи посебна мотивација и за играчите и за секој човек во клубот. Многу сум сигурен дека тимот ќе даде сè од себе, убеден сум дека играчите се мотивирани да дадат максимум и се надевам дека ќе извлечеме позитивен резултат. И покрај позициите на табелата и составот што Вардар го изгради, овој дуел останува дерби бидејќи многу се промени во оваа подготвителна фаза, тоа е мала непознаница за нас иако ги следевме на два-три натпревари. Верувам дека ќе биде одличен натпревар, каде што наша главна цел е да доминираме на теренот, да бидеме многу агресивни и офанзивни и верувам дека на крајот резултатот ќе биде во склад со играта што сме ја одиграле“, рече предводникот на Шкендија.
Во нивното прво соочување оваа сезона, Шкендија на свој терен славеше убедлива победа над Вардар од 4-0.