Беќири: Доминиравме 90 минути, но кога на ова ниво ќе примите лесен гол...

Фудбалерите на Шкендија и покрај доминантната игра претрпеа пораз од Дрита (1-0) во четвртото коло на Конференциската лига на УЕФА. По натпреварот своја анализа на одиграното даде тренерот Јетон Беќири. 

„Сакам да ѝ честитам на Дрита за победата и им посакувам среќа. Доминиравме 90 минути, меѓутоа на ова ниво во вакво натпреварување кога ќе примите леесн гол, не можете да се надевате на позитивен резултат. Имавме време да се вратиме и бевме доминантни, ама немавме среќа во некои моменти. Искусен тим како Дрита знаеше да го изменаџира водството и освои три бода. 

Верувам дека математиките можат да бидат добри за пласман во следната фаза. Ривалите се квалитетни, ама ќе се обидеме да освојуваме бодови. Секој тим во Конференциската лига има свој квалитет. Сега кога сме во ситуација да имаме четири бода, мора да се обидеме“, изјави Беќири.

Во следното коло Шкендија го дочекува тимот на Слован Братислава на 11 декември, а во последното коло гостува кај АЕК Ларнака.