• Мартин Танасковски
Супер-дербито на колото во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу екипите на Шкупи и Шкендија заврши без победник (1-1) и така продолжи кризата на чаирчани во македонскиот шампионат и по пет кола.
По натпреварот, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири даде свој коментар за изданието на тетовските „црвено-црни“ на гостувањето во Скопје.
„Навистина не бевме во нашиот најдобар елемент и покрај тоа што мора да им упатиме комплименти на фудбалерите на Шкупи за агресивноста што ја имааа во играта. Имавме некаква доминација во првото полувреме, потоа во второто полувреме како голот да делуваше психолошки на нас и бевме лоши до 60. минута. По израмнувањето ја имавме ситуацијата под контрола. Мислам дека зад нас оставаме натпревар што можевме да го загубиме, ама можевме и да го победиме“, изјави Беќири.
Шкендија со освоениот бод останува лидер на табелата во ПМФЛ, но бодовно е израмнета со Работнички.