Беќири: Ако некој ни дадеше европска група пред сезоната, со две раце ќе прифатевме

Екипата на Лудогорец патува во групната фаза на Лига Европа. Шкендија одигра храбро, го одведе мечот во Бугарија во продолженија, но екстра-времето (1-4) ги згасна надежите на тетовчани да играат во групите на второто натпреварување на УЕФА во кое во 2017 година играше Вардар. Шкендија со елиминацијата оди во групната фаза на Конференциската лига.

По мечот, тренерот Јетон Беќири направи анализа на одиграното:

„Сакам да му честитам на Лудогорец за пласманот во Лига Европа, ние бевме толку блиску, ама сепак така далеку. Мора да бидам искрен, имавме лошо пррво полувреме, но во вториот бевме подобри и пред крајот имвме перфектна шанса за гол, но не ја искористивме. Во моментов сум тажен за елиминацијата, но во исто врреме сум горд за играчите и за начинот кој го презентиравме македонскиот фудбал ова лето.

Пласманот во Конференциската лига е добар успех, ќе се обидеме даа го презентираме мак-фудбалот во најдобро добро светло и во групата. Во ниту еден момент не се откажаавме на овие осум меча и се надевам на уште подобри резултати и дека ќе влијаеме да се дигне рејтингот во Европа, што за нас е многу важен фактор. Голема благодарност и до навивачите кои секогаш не поддржуваат и до фудбалската јавност во Македонија којаа беше со нас.

Разликата со ФЦСБ и Лудогорец е голема, посебно во буџетите, но во моменти покажавме да бидеме рамноправни. Секогаш треба да бидеме реални, ние пред да почнат европските мечеви, со двете раце ќе го прифатевме. Секогаш ја анализирам како тренер таа нулта точка, пред 15 месеци имавме лошо европско лето, а сега сме во група, што значи дека сме направиле добра работа“, изјави Беќири.

Шкендија ја чека ждрепката во Конференциската лига, која на програмата е утре (петок).