Бекам потпиша договор од 150 милиони фунти да биде амбасадор на СП во Катар!

Дејвид Бекам

Англиските медиуми пренесуваат дека Дејвид Бекам потпишал богат договор за да биде официјален амбасадор на Светското првенство во Катар.

Легендарниот англиски фудбалер наводно ќе инкасира неверојатни 150 милиони фунти, за да води кампања која ќе го најави Мундијалот наредното лето. Тој ќе има задача да ја промовира кулутрата и туризмот на Катар во светски рамки. Овој договор наводно е резултат на пријателството меѓу 46-годишникот и првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи.

Светското првенство во Катар ќе биде второ во историјата кое целосно ќе се одржи во Азија. Првото датира од 2002 година, кога домаќини беа Јужна Кореја и Јапонија.

Овој турнир ќе биде последен кој ќе брои 32 учесници. Наредниот настан во Мексико, Канада и Соединетите Американски Држави во 2026 година ќе се организира со 48 репрезентации.