Бекам го засили Интер Мајами со „дете“ на Манчестер Јунајтед

Долгогодишниот капитен на Стоук Сити, Рајан Шоукрос по цели 14 години го напушти клубот и својата кариера ќе ја продолжи во МЛС лигата.

33-годишниот дефанзивец својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Интер Мајами, каде еден од сопствениците е легендата на англискиот фудбал и на Манчестер Јунајтед Дејвид Бекам.

Рајан Шокрос исто така е дете на Јунајтед и своите први почетоци ги имаше во најтрофејниот англиски клуб, но никогаш не ја доби вистинската шанса кај Алекс Фергусон. Тој одигра само два натпревари за „ѓаволите“, во Лига купот во сезоната 2006/2007. Потоа беше пратен на позајмица во Стоук, кој во 2008 година се реши да го откупи неговиот договор.

Во вкупно 14-те сезони за Стоук, од кои десет во Премиер лигата, Шокрис одигра 451 натпревар, но откако се здоби со сериозна повреда во 2019 година, во последните две години никако не може да влезе во посакуваната форма.